Од името на Управниот одбор при нашата Црква Св. Кирил и Методиј од Сидер Гроув, Њу Џерзи, заедно со Парохискиот свештеник и Женската секција, како и Секцијата за организирање на фестивалот, благодариме на сите донатори на фестивалот, како: вложена доброволна работа, донирана храна, парични донации… кое нешто овозможи оваа година да имаме феноменален фестивал.
Премногу сме благодарни, и со гордост објавуваме, што имавме повеќе од 120 волонтери за фестивалот, 30 бизниз спонзори, бројни индивидуални спонзори како парично така и за храната, слатки, тестенини…Многумина деноноќно работеа пред и за време на фестивалот. Исто така благодарни сме и на сите посетители, чија бројка достигна нешто над 2,000 за време на двата дена.
Вашата посветеност и одданос према Црквата, навистина внесува позитивна разлика и атмосфера. Упатуваме најискрена благодарност за вашата инволвираност, така што фестивалот беше навистина успешен, кое нешто помага за напредокот на нашата Црква.
Се надеваме дека идниот 10-ти по ред фестивал идната 2022 година ќе биде уште поуспешен, заедно со вашата целосна инволвираност во него.

