Борче Митевски на Драган Митевски му потпишал 24 фактури за јавни набавки. Првиот градоначалник на Општина Петровец, вториот е негов брат и газда на фирмата „Аце –ТРанс“ ДОО . Од денеска се гонат за перење пари ,злоупотреба на службената положба, поттикнување и злоупотреба на постапката за јавен повик. Криминалата шема ја пријавил вицепремиерот за борба против корупцијата, а кривичната пријава до обвинителството ја поднесе финансиската полиција која 6 месеци ја плетела мрежата како за 6 години од 2102-та до 2018-та Градоначалникот потпишал 24 фиктивни фактури на фирмата чијшто вистински сопственик е неговиот брат.
Тендерите ги добивала фирмата „Леома“ а откако парите ќе легнеле на сметката на фирмата скриенот сопственик Драган Митевски ги префрла на „Аце Трранс“ кадешто е управител. Со 120 илајди евра купуваа камиони, а дел се префрлале и ваделе како готопвина од трета фирма вмешна во криминалната шема.
Освен браќата Митевски, осомничени се и управителите на фирмите „Леома“ и „Чола – Топ“, но и инженерот за надзор кој што ставал потпис на фиктивно наведените ископи и градежни работи. Градоначланикот Митевски општината ја води трет мандат а од следниот понеделник почнува со митинзи како кандидат за иден градоначланик на ВМРО-ДПМНЕ, но за оваа инфирмација на стасала до вицепремирот Николовски кој отфрли политички реваншизам во случајот.
На потег е обвинителстовот за борба ПРОТИВ организиран криминал кое треба да да ги погленде доказите и да одлучи дали ќе ги гони осомничените во истрагата за переење пари во Општина Петровец.


