52-годишна тетовка трипати била позитивна на корона- поминала без болничко лекување

52-годишна жена од Тетово трипати била позитивна на корона вирус. Ниту еднаш не била во болница, а по третото излекување се вакцинирала.

Пациентката првпат била позитивна лани во јули, потоа корона вирусот и бил откриен и на почетокот на декември во ланскиот есенски бран.

Третпат, ова лето повторно била дијагностицирана како позтивна на корона вирус.

Сите три заразувања ги поминала со домашно лекување. Жената имала коморбидитети, хипертензија и хронично заболување на бубрезите.

Откако трипати прележала, жената се вакцинирала со две дози Синовак.

Покрај неа, уште 522 -ца пациенти биле позитивни на корона вирсот по два пати.

Податоците ги објави Институтот за јавно здравје во редовната седмична анализа на податоците поврзани со корона вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*