Уапсен маж по заложничка драма во автобус на српската компанија „Ласта“ во Германија

Полицијата уапси патник кој држеше возач на автобус како заложник на автопат во јужна Германија, пренесува Ројтерс и локалните медиуми, кои се повикуваат на полицијата. Агенцијата Танјуг објави дека биле нападнати патници и возачи на меѓународната автобуска линија Дортмунд-Белград на српскиот превозник „Ласта“.

Ројтерс пренесува дека околу 21.25 часот се слушнале три детонации и дека на терен се силни полициски сили и хеликоптери.

Во автобусот досега не е пронајдено оружје, но полицијата ја продолжува потрагата.

Автопатот А9 помеѓу Хилполштајн и Грединг беше затворен во двата правци, но полицијата објави дека сообраќајот ќе биде пуштен наскоро.

Полицијата претходно објави на Твитер дека се претпоставува дека во автобусот имало вооружен маж и уште неколку лица, како и дека патниците успеале да го напуштат возилото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*