Како и секоја година така и оваа, на 18ти и 19ти Септември се оддржа 9тиот по ред фестивал за традиционална македонска храна во Њу Џерси во Америка. Фестивалот се одржува секој трет викенд од месец Септември и зема се поголем замав во последните години.

Атмосферата беше одлична и доаѓаа гости од сите националности да ја вкусат македонската традиционална храна. Како што велат организаторите, целта на овој фестивал е да се зачува македонското богатство, да се презентира вкусната македонска традиционална храна и да се претстави нашата култура во најдобро светло.

Младите, како и повозрасните секоја година се вложуваат и помагаат околу подготовките. Секој кој има желба може да учествува и да придонесе во организацијата на фестивалот со цел да се претстави храната од нашето поднебје во подобро светло. За забавата да биде уште подобра, организирана беше македонска музичка група за двете вечери како и претставени нашите традиционални македонски ора со играорната група „Гоце Делчев“ Фестивалот беше посетуван од преку 2,000 гости во двата дена.

Подготвени беа различни видови на храна како што се мазник, полнети пиперки, сарма, тавче гравче и многу други. Главен организатор на фестивалот е Тони Кочевски кој е воедно и претседател на црковниот одбор во црквата „Свети Кирил и Методиј“ каде и се одржува самиот фестивал. Покрај него исто така помагаат во организацијата и Виолета Мартиноска и Симка Петковска
Mанјола Gраздани .







Кристијана Ангелоска


