САД од ноември ги укинува рестрикциите за влегување на вакцинирани странски патници во земјата

Uncategorized

Американската администрација објави дека од ноември САД ќе ги отварат своите граници за патниците кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација.

Со ваквата одлука се укинуваат мерките за забрана за влез на туристи, бизнис патници и сите останати категории на луѓе без американско државјанство или легален престој, воведени со цел спречување на ширењето на корона вирусот.

Со олабавувањето ќе се овозможи повторно соединување на разделените семејства поради пандемијата и ќе се овозможат повторно воспоставување на бизнис врските, пишува „Њујорк тајмс“.

Странски државјани кои ќе покажат доказ за целосна вакцинација пред да се качат на авионот ќе можат да летаат за САД. Меѓународните патувања се критични за поврзување на семејствата и пријателите, за развивање на малите и големите бизниси и за промоција на отворена размена на идеи и култури – изјави Џеф Зинц, координатор во Белата куќа за прашања по пандемијата.

Повеќе од година дена беа забранети летовите од низа европски земји, Иран и Кина до САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *