Ми рекоа сакаат убави жени во политиката, па малку да ги освежам: Манекнката Билјана Јаневска на советничка листа на ЛДП и ДОМ

Манекенката и модел Билјана Јаневска е на листа на советници за општина Карпош, предложена од коалицијата ЛДП и ДОМ.  Таа неодамна ја понесе титулата и прва придружничка за Мис Модел Туризам во светот.

На прашењето како првата прдружничка на Мис Туризам се најде на советничката листа таа за Репортер вели:  „Сосема случајно дојде до сето ова. Откако заврши изборот за Мис Модел Туризам во светот многу врати ми се отворија. Мој добар другар спонтано ми спомна дека сакаат убави жени во политичкиот свет и дека не би било лошо малку да ги освежам. Сето тоа ми звучеше примамливо и без размислување прфатив“ ни раскажа за Репоретер Билјана Јаневска. Потоа, вели таа, ја поканиле на состанок да се запознае со луѓето во Општината па вели така и видела како сето тоа изгледа одблизу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*