Што потпишал Заев? Војската на Косово да влегува и да престојува во Македонија

На вчерашната заедничка седница на владите на Македонија и Косово беа потпишани 11 договори, од кои можеби најдискутабилна е спогобата војската на Косово да влегува и престојува во Македонија.

Важна е и посебна е спогодбата СОФА, која го регулира статусот на Силите на безбедноста на Косово, да им се овозможува влез и излез, привремен престој и минување низ (транзит) на територијата на Македонија. Ова ќе биде корисно за двете држави, бидејќи, како што видовме оваа година, покрај тоа што беа партнер и важен воен сојузник, Силите на безбедноста на Косово можат да им помогнат на граѓаните и во операции на спасување.

Ова е дел од изјавата на премиерот на Косово, Албин Курти, која интегрално ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА во писмена форма под наслов „Курти: Ова е посебна и најважна спогодба со Македонија“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*