Приведени двајца мигранти од Авганистан поради разбојништво

На 15.09.2021 во атарот на с.Табановце, кумановско, маала Чифлик, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот ги лишиле од слобода А.С.(31) и Д.М.(25), двајцата мигранти од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ врз Г.С.Г.(28) -мигрант од Индија. По преземени мерки и по извршениот разговор со Г.С.Г. било утврдено дека двете лица од Авганистан физички го малтретирале и му одзеле пари.

Парите биле пронајдени кај Д.М., а било утврдено дека сите три лица илегално влегле од Република Грција во Република Северна Македонија и имале намера преку Р.Србија да заминат кон ЕУ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*