„Алармот ми беше наместен на два часа. Имаше ноќи кога бев сама, во соба со неколку пациенти, на кои им јас им бев и медицинска сестра, и болничар и доктор. Менував катетри, ставав кислород, викав доктори кога некој умираше, само за да потврдат смрт. Го доживеав дното на животот, а својот родител не го спасив“.
Вака, за „А1он“, сведочи лице чиј најблизок бил хоспитализиран во тетовската болница поради Ковид-19, а еден месец, таа буквално живеела во тетовската болница како придружба на својот родител, кој ја губел битката со смртоносниот вирус. Нашиот соговорник детално опиша низ што се минувале пациентите, здравствениот кадар и нивните најблиски во тетовската болница во последниве месеци, кога имаше наплив од пациенти заразени од коронавирусот. За жал, нејзиниот најблизок ја зaгубил битката со коронавирусот, пред неколку месеци. Во средата, пак, во тетовската модуларна болница избувна пожар каде животот го загубија 14 луѓе, од кои двајца биле придружба на болните од Ковид-19.
Според сведоштвата, наспроти тврдењата на надлежните, да се биде придружба на дел од хоспитилизараните било дозволено. Tие таму минувале денови и ноќи помагајќи на секој што можат, незатоа што здравствениот кадар не сакал, туку, како што сведочат тие, едноставно не можел да се справи со напливот од новозаразени со потешка клиничка слика.
Извор: А1 ОН


