Премиерот Зоран Заев денеска објави статус на Фејсбук во кој потенцираше дека во моментов невработеноста во државата е на рекордно најниско ниво.
„Невработеноста за вториот квартал од 2021 година на историски најниско ниво од 15,9%. Во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 4,8%.
Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5% во последните три квартали;
И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8% и е многу блиску до просекот на ЕУ (60%), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7%.


