Владата во Австралија тестира нова апликација што ќе користи технологија за препознавање лица и геолокација за да се осигури дека заразените од коронавирус ги почитуваат правилата за карантин.
Според локалните медиуми, апликацијата наречена Home Quarantine SA ќе се користи во Јужна Австралија, една од австралиските сојузни држави, за да се следат оние што биле ставени во карантин поради инфекција со коронавирус.
Сите жители на Јужна Австралија на кои им е пропишан карантин ќе треба да ја преземат апликацијата на својот мобилен телефон. Државата потоа, во случајно избрано време, ќе испрати текстуална порака и лицето ќе треба да докаже дека е на локацијата каде што треба да биде во изолација.


