Нема ревизија на протоколите за лекување и покрај високата смртност

Четврто петто или шестто место во светот по број на умрени од ковид 19 е земјава во зависност од тоа дали се пресметува по глава на жител или по заразени. Но секако е меѓу водечките.

За само една недела пак умреа 15 годишна девојче, 23 годишно момче, 25 годишна девојка, односно границата на смртност опадна.

За Министерот Венко филипче ова не е причина да се преиспитаат протоколите по кои се лекуваат пациентите.

Причината како и до сега ја гледа во задоцнетото доаѓање на лекар, коморбидитети, и главно невакцинирањето.

Но според последната статистика од министерството токму 11 проценти од починатите во изминатиот месец биле вакцинирани, а според денешната изјава на Филипче 9 проценти од умрените се вакцинирани.

Ниту ова не е е индикација за да има ревизија на лекувањето како што препорачаа дел од докторите во земјава.

Филипче најавува дека е можно да се воведе и третта доза за вакцинираните.

Инаку во земјава до сега се починати вкупно 6013 луѓе или колку еден мал град.

Целосно вакцинирани пак со над 40 години возраст се 560 000 илјади а со една доза 740 000 или 53 проценти.

Дневно се аплицираат околу 5 илјади дози вакцини за кои вели ги има во доволни количини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*