Димовски: Oткривме група од 11 припадници кои планираа напади на витални објекти

АБН открила терористичка група што подготвувала напади во Македонија. 

Директорот на  Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски денеска по повод годишнината од основањето соопшти три активности коишто успеале да ги финализираат.

„Она што ние го откривме и го документиравме е постоењето и функционирањето на група од три плус осум, вкупно 11 припадници коишто прибираа и располагаа со одредени количества на оружје, експлозивни материјали, вклучувајќи самоубиствени елеци и коишто имаа намера да извршат атак на витални објекти во нашата држава. Сето ова во соработка со двете надлежни институции беше благовремено превенирано и процесуирано“, изјави Димовски.

Додаде дека откриле поголема количина на оружје во околината на Кичево. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*