Исчезнал пред 20 години, телото му го нашле на неверојатен начин!

Посмртните останки на Вилијам Молд од Флорида биле најдени во автомобил во езеро, 20 години откако исчезнал. Мистеријата била решена случајно кога преку Гугл апликацијата од птичја перспектива е лоциран потопениот автомобил во езерото, а во кој се наоѓале останките на Молд.

Вилијам Молд кој тогаш имал 40 години, исчезнал на 8 ноември 1997 година, но полицијата не можела да најде никакви траги кои би довеле до него.

Автомобилот со телото го нашол менаџер за развој на живеењето кој сателитски на Гугл мапите го разгледувал теренот на кој требало да се гради станбен комплекс.

Тој веднаш ја алармирал полицијата, која подоцна утврдила дека во потопениот автомобил има остатоци од човеково тело. Подоцна со ДНК анализи било потврдено дека се работи за исчезнатиот Вилијам.

Извештаите тврдат дека овие снимки биле достапни на Google Earth уште од 2007, но дека никој не го забележал автомобилот.

– Шокантно е дека автомобилот бил видлив на снимките, но очигледно никој не го забележал се до 2019 кога геодетот правел истражување, се наведува на порталот Чарли проект, онлајн база која собира податоци за ваквите случаи во САД.Како што пренесуваат медиумите, Молд последен пат бил виден во 1997 на 8 ноември во ноќен клуб. Таа вечер околу 21:30 и се јавил на својата девојка по што му се губи секаква трага. Се верува дека под дејство на алкохол изгубил контрола над возилото и со автомобилот слетал во езерото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*