Авганистански ТВ Дневник: Презентерот чита вести, а зад него сe талибанци со калашникови(ВИДЕО)

Бабак Тагваи, воен аналитичар, публицист и заколнат противник на џихадистите, без разлика дали се шиити или сунити, денеска објави видео од телевизиска станица во Авганистан.

Во видеото се гледа како спикерот на информативната емисија е опкружен со вооружени талибанци кои го гледаат што го има да каже.

“Гледајте талибански терористи на авганистански ТВ -станици. Тие се таму за да се погрижат ТВ презентерите да не кажуваат лоши работи за групата и исламот. Ако некој или водителот каже нешто лошо, тогаш ќе ги стрелаат!”, напишал тој.

https://twitter.com/i/status/1432035919469625349

Патем, од доаѓањето на власт, Талибанците се заколнаа дека ништо нема да се промени во известувањето на медиумите и дека жените сепак подеднакво ќе можат да работат и да известуваат.

Сепак, тие на малата врата и во најголема тишина, се отстранети од малите екрани. Дека се` нема да биде исто, може да се види од упатствата како во иднина да известуваат за талибанците и владата.

После сето тоа, на ред дојдоа радиостаниците, каде музиката што не е религиозна или антиисламска била укината.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*