Тетовски мајстор излажал иселеник дека ќе му направи ограда, му ЛАПНАЛ ПАРИ и фатил магла

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’.

Имено, на 28.05.2021, Р.Х.(42) од с.Доброште, Тетовско, со привремена работа надвор од Република Северна Македонија, преку социјалните мрежи  се договорил со пријавениот, сопственик на браварска фирма, за сума од 1600 евра да му изработи и монтира стаклена ограда за скалите во куќата, по што братот на Р.Х. му дал капар на А.Х..

До 30.06.2021, пријавениот не се јавувал на телефон, не ја завршил работата, ниту пак му ги вратил парите кои му биле дадени како капар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*