Талибанците запленија големо количество американска воена опрема кога ја преземаа контролата врз Авганистан претходно месецов, а тука спаѓаат и воени хеликоптери.
Меѓутоа, тие не умеат да ги користат.
Иако модерната воена опрема може да изгледа како голема предност за талибанците, тоа баш и не е така бидејќи прво мора да научат да ја користат.
Еден од примерите е американски борбен хеликоптер „блекхок“, со кој талибанците се обиделе да летаат на аеродромот во Кандахар, но не им успеало бидејќи летало се движело по тлото без индикации за полетување.
Британски Гардијан наведува дека талибанците заплениле повеќе од 100 воени транспортни хеликоптери Ми-17 од руско производство кои американските сили ѝ ги дале на авганистанската војска.
Хеликоптерите сега се кај талибанците, но не знаат да ги користат, ниту имаат пристап до резервни делови и техничари за да ги одржуваат. Засега не се знае колку хеликоптери се во оперативна состојба.


