Претседателот на САД, Џо Бајден вечерва на вонредна прес конференција откри дека дал наредба на воените команданти „да развијат оперативни планови за напад врз имотот, раководството и капацитетите на ИСИС“.
„Да одговориме со сила и прецизност во наше време, на место што го избираме на начин што го избираме“, посочи Бајден, одбивајќи да даде конкрети податоци за времето.
Тој вели дека терористите на ИСИС нема да победат, а Американците ќе бидат спасени.
„Ќе ги извлечеме нашите авганистански сојузници. И нашата мисија ќе продолжи. Америка нема да биде заплашена“, порача Бајден.
На новинарско прашање за тоа дали американската војска можеби направила грешка што им ја дала довербата на талибанците да се грижат за безбедноста надвор од аеродромот во Кабул, Бајден посочи дека никој не им верува, а они само сметаат на нивниот личен интерес за да продолжат да ги генерираат нивните активности.


