Вниманието на шкотските медиуми го привлече веста што одекна како бомба дека затвореникот Кевин Хог е снимен во страсна прегратка со затворската чуварка Рејчел Вилсон. За да бидат работите уште полоши, тој го сними тоа по телефон за да каже „тоа е она што го сакав“ по страсниот бакнеж.
Шокантното видео е направено во затворот Адивел, кога затворски чуварка влегува во неговата ќелија и почнува страсно да го бакнува затвореникот.
Поради оваа снимка, се крена на нозе затворската служба, која објави дека чуварката е отпуштена и дека снимките се предадени на полицијата, која треба да ги испита сите настани околу снимањето.
За да бидат работите уште полоши, ова видео беше споделено од шкотските затвореници во последните недели
Според „Dailyrecord“, првично се стравувало дека затвореникот, кој издржува тригодишна затворска казна за сообраќајни прекршоци, објавил видео со цел да ја уценува. Меѓутоа, упатените од овој затвор тврдат дека затвореникот го направил ова видео со цел да се пофали меѓу другите затвореници
На социјалните мрежи беше објавено видеото, на кое се гледа како Хог, кој е сместен во модерна затворска ќелија со бели sидови, го става мобилниот телефон на полица свртена кон вратата и почнува да снима.
На видеото се гледа како Хог се движи низ ќелијата, пие голтка вода за да ја освежи устата, а неколку секунди подоцна чуваркаа влегува во неговата ќелија. На снимката, двајцата се слушаат како си шепотат, пред Хог да ја зграпчи и да ја бакне страсно. Бакнежот траеше неколку секунди.
По бакнежот, Хог се слуша како вели: „Така сакав“. Откако таа си замина, снимката беше прекината.
Извор од затворот рече дека доколку било нелегален пристап, дамата ќе го притиснала копчето за паника, а видеото покажува дека не била принудена или исплашена и дека била доброволен учесник.
Ова говори дека во затворт владее хаос.
Некои извори велат дека имало случаи кога некои затвореници останувале отклучени ноќе и доаѓале и си заминувале кога сакале.
Извори од овој затвор велат дека жените што работат како затворски чувари се особено навредени.
Некои чувари, под притисок од закани и уцени, се согласија да ја внесат забранета стока во затворите на затворениците, а она што сите се плашат е можноста некој затворски чувар дури и да настрада.

