Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП остро реагира на недореченостите во новите мерки за спречување на ширење на Ковид 19. Владата донесе мерки без притоа ниту еднаш да се консултира со нашиот сектор како еден од најповиканите за спроведување на истите.Владата треба да има пред вид дека активностите во нашата дејност се планираат со недели однапред и не е едноставно да се менуваат правилата од денес за утре без притоа да се направат консултации дали се истите спроведливи или пак дали се доволно јасни. Нашата работа е сериозно погодена од пандемијата а мерките дополнително ја усложнуваат и онака тешката состојба. Доказ за тоа се низа откажани настани во последен момент, бидејќи дел од колегите сметале дека нема да можат да ги спроведат мерките. Како ќе се покријат трошоците направени за реклама, исплатени хонорари, продадени билети, закупени простори?Ние како професионалци ги поддржуваме мерките за спречување на ширење на вирусот и се обидуваме да бидеме конструктивни и да се прилагодиме на новонастанатите услови. Но, Владата треба да има предвид дека нашите настани се планираат однапред и дека со ваквиот начин на носење на мерки само дополнителни ни ја усложнуваат и онака тешката ситуација која трае веќе 17 месеци. Замислете, планирате настан со странски гости, сте направиле уплати, и сега одеднаш преку ноќ се носат мерки кои никому не му се јасни!Бараме итно допрецизирање на мерките и тоа:- Дали само посетителите на настан треба да поседуваат потврда за прележан Ковид 19 или вакцинација или се бара за сите вклучени во настанот (технички тим и учесници)?- Како ќе се третираат настаните што се без влезници, во парк или на плоштад? Дали од секој кој ќе помине на настанот ќе треба да бараме потврда?- Дали имаме право да легитимираме на влез на настан за проверка на совпаѓање на потврдата и доколку не, кој ќе одговара ако некој прикажал лажна потврда?- Дали доколку на настанот учествува странец кој до 1 септември може без проблем да влезе во земјата, смее да посети угостителско објект.- Дали по 1 септември, кога за влез во земјава меѓу другото ќе биде дозволен ПЦР тест, ќе може да се влезе на настан или ресторан со истата потврда или тие гости нема да имаат право на влез?Исто така, по примерот на другите земји, бараме да се дозволи влез на настани со потврда за негативен ПЦР тест, брзи тестови на влез, вклучително со останатите потврди кои се на сила.На крајот, бараме да бидеме консултирани и однапред известувани за носењето на нови мерки и нивното спроведување. Никој подобро од нас не може да знае дали мерките можат да бидат спроведени и како тоа ќе се одрази на нашата работа.Уште еднаш потенцираме дека ги поддржуваме напорите за спречување на вирусот и дека сме во постојан контакт со колегите од целиот свет каде правилата се јасни и прецизни за влез на настани.
БАРАМЕ ИТНО ДООБЈАСНУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ
Градоначалник се маскирал во инвалид за да види како се однесуваат социјалните работници, останал шокиран (ВИДЕО)
Како дел од еден необичен социјален експеримент, еден мексикански градоначалник се маскирал во лице со посебни потреби, со цел да […]
ПРИФАТЕНА ГАРАНЦИЈА ОД 192.000 ЕВРА, УКИНАТ КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ДРАГИ РАШКОВСКИ
Советот на Апелацискиот суд Скопје, составен од судиите Тања Милева, претседател на советот, Ѓоко Ристов и Лирие Елези Ајрулау, членови […]
Буџет за 2022 година: Повисоки плати за судиите, обвинителите, здравствените работници,инспекторите
Повисоки плати за дел од администрацијата, рекордни 615 милиони евра за капитални инвестиции и највисок јавен долг до сега од […]
Избега осудениот за ќебапите, требало да лежи 6 години за разбојништва
Името на велешанецот Петре Караманов не беше многу познато за јавноста до одекнувањето на веста дека е осуден на три […]