Изгоре Караулата во Гевгелија

По четиричасовната борба со пожарот кој го зафати шумскиот појас крај македонско-грчката граница, истиот е ставен под контрола, известуваат од Општина Гевгелија.

– Поради отежнатите временски услови, односно тивкиот ветар, пожарот е сѐ уште активен, но е локализиран. Од ТППЕ- Гевгелија информираат дека пожарот зафати огромна површина борова шума, а поради ветрот истиот се прошири до грчката територија, зафаќајки ја и граничната караулата на АРМ, каде опожарено е едно полициско возило. Во локализирањето на пожарот покрај ТППЕ-Гевгелија, учествуваше и ЈПДК „Комуналец“- Гевгелија со механизација, како и граничната полиција и вработени од хотел „Фламинго“. Додека, на грчката страна во локализирањето беа вклучени и пожарникарите од Поликастро, велат оттаму.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*