ИНТЕРВЈУ СО НИКОЛА КАРЕВ ВО 1903 ЗА ГРЧКИОТ ВЕСНИК “АКРОПОЛИС“: ЈАС СУМ МАКЕДОНЕЦ!

Пред 118 години на 8 мај, 1903 година (стар стил), во грчкиот весник “Акрополис” е објавено интервју со Никола Карев, несудениот “претседател на Крушевската Република” за време на славното македонско Илинденско востание.Заради претпазливост пред тогашните турски османлиски власти, интервјуто е направено во конспиративна атмосфера во еден хотел во Битола. Во него Никола Карев експлицитно рекол дека е Македонец, дека е наследник на Александар Македонски и дека Комитетот во којшто учествувал т.е. Македонската Револуционерна Организација (внатрешната) не е бугарска. Интервјуто заедно со една од познатите фотографии од Никола Карев портретиран во комитска облека и пушка, подоцна е реобјавено во книгата “Τα τετράδια του Ίλιντεν” од Јон Драгумис, тогашниот грчки конзуларен претставник во Битола а потоа и во Серез. Во него Никола Карев експлицитно рекол дека е Македонец, дека е наследник на Александар Македонски и дека Комитетот во којшто учествувал т.е. Македонската Револуционерна Организација (внатрешната) не е бугарска.Новинарот: Македонец ли си?КАРЕВ: Да!Новинарот: И следователно Грк?КАРЕВ: Јас сум Македонец!Новинарот: Непосреден наследник на Александар Велики?КАРЕВ: Да!Новинарот: И Александар Македонски што беше, ве молам? Историјата вели дека бил Грк. Тогаш и ти, како негов наследник, си Грк?КАРЕВ: Не!Новинарот: Тогаш зошто кога веќе сте Грк сакате да се ослободите преку Бугарија?КАРЕВ: Која Бугарија, мислиш на Комитетот?Новинарот: Да!КАРЕВ: Ти одговорам дека Комитетот не е бугарски и, второ, изгледа дека сме наклонети кон Бугарија затоа што само таа се покажува расположена да ни помогне. И Грција, ако го правеше истото, ќе ја прифатевме со целото наше срце.Новинарот: Бугарската заштита ја гледате само површно, Бугарија не сака да ве ослободи од турското ропство, туку да ве потчини.КАРЕВ: Хм! Ако Бугарија мисли да нè претвори во нејзина провинција, си направила лоша пресметка. Инаку, нас не нè интересира што мисли Бугарија, туку обрнуваме внимание само на следново: Си ја постигнуваме ли целта? Си ја добиваме ли нашата слобода?

15152 споделувањаМи се допаѓаКоментирајСподели

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*