На прес конференција министерот за здравство Венко Филипче одговорајќи на новинарско прашање околу свадбите, рече дека тие ќе може да се организираат со музика, но максималниот број на гости на една маса ќе биде 6 лица.
Прославите ќе може да се организираат на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.
И додава дека музика ќе може само на прослави, а не и музички групи во угостителските објекти, односно живи свирки, барем за сега, рече Филипче.
Прашан за тоа од една страна дозволено да се прави свадба, а од друга страна на сила ќе биде полицискиот час, рече дека неоходно е и натаму таа мерка да опстојува во периодот после полноќ како што е сега.


