Македонските наставници во Сиднеј во чест на светите Кирил и Методиј

Македонскиот просветно-училишен одбор со свечена академија го одбележа Денот на просветителите, светите браќа Кирил и Методиј пред стотина ученици, наставници, родители и гости во истоимениот црковен храм во Сиднеј.

Претседателката на Одборот, Жаклина Михајлова која повеќе од три децении го предава македонскиот јазик, го координира и спроведувањето на новата наставна програма во етничките, државните и саботните училишта  што беше изготвена од официјалното владино тело за стандарди во образованието на Нов Јужен Велс.

Со г-ѓа Михајлова разговараме и за подготвеноста на наставниот кадар во новонастанатите услови, за изработката на 280 нови лекции за часовите по македонски јазик, како и за училницата на гугл што овозможува непрекинато одржување на наставата онлајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*