Парите од авансната уплата за кинеските вакцини се вратени, на барање на Министерството за здравство во Кина, потврдуваат за Сител од нашето Министерство за здравство.
Од кабинетот на Министерот Венко Филипче, велат дека вакцините не се откажани.
„Разговорите се во завршан фаза, не станува збор за откажување на договорот. Вакцините против Ковид-19 од производителот Синофарм во најкус можен рок ќе стигнат во нашата земја“, велат од кабинетот на МЗ Венко Филипче.



