Пред точно 17 години, на 26 февруари 2004 година, во авионска несреќа близу Мостар, загина македонскиот претседател Борис Трајковски. Во несреќата, покрај Трајковски животот го загубија Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Кришан Лозановска од Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски од Министерството за надворешни работи, Борис Велинов и Аце Божиновски, членови на обезбедувањето и пилотите Марко Марковски и Бранко Ивановски.Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како светла страница во поновата македонска историја, олицетворение на еден систем на вредности, за кој вреди да се залагаме.Борис е нашиот претседател, кој успехот на Македонија го натопи со својот живот.Нека му е вечна слава!ВЕРУВАМ ВО МАКЕДОНИЈА!