Во новиот пакет на владата се најдоа повторно музичарите!

Денес на фб се огласија од Здрузението на музичари

Почитувани колеги, со огромно задоволство ве информираме дека одлуката за единственост и упорност и соработка помеѓу здруженијата на музичари од целата држава, кои неодамна потпишаа Меморандум за соработка и се договорија за единствен настап пред државните институции, вродија со плод.Имено, денес излезе официјална информација во медиумите дека музичарите, како едни од творците на трајни културни вредности од поширок интерес за државата, се опфатени во 5тиот пакет мерки за финансиска помош од Владата на Р Македонија. Огромна благодарност до Владата на Р Македонија што и овојпат ни` излезе во пресрет и имаше големо разбирање за нашата комплексна ситуација, која е последица на светската пандемија. Во 11тиот сет од овој пакет мерки опширно е опфатена целата евент индустрија (се` што е поврзано со настапи и прослави од секаков вид), сепак јасно е назначено дека музичарите се носители на трајни вредности и како такви треба да добијат финансиска помош.Поради ова, сепак сакаме да ве информираме дека во наредните денови ќе претстојат поконкретни разговори и преговори со надлежните владини претставници, со што ќе треба да се дефинираат нашите молби и барања, а се разбира, се` тоа да биде во склоп со планираните активности и државниот буџет одреден за истите.Исто така, сакаме да ве информираме и дека Координативното тело кое го сочинуваат претседателите на 6те активни музички здруженија во државата, е во постојан контакт, со цел подеднакво да бидат застапени интересите на сите членови на здруженијата на музичари и истите бидат опфатени во овој сет на мерки.Затоа, уште еднаш замолуваме за ваша подршка и трпеливост, со надеж дека ова Координативно тело и овојпат успешно ќе си ја заврши својата работа во интерес и на задоволство на своите членови.Координативно тело на здруженија на музичари на РМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*