Стојне Николова најавува голем проект со врвни музичари

Uncategorized

Стојне Николова најавува нова песна која што ќе биде посветена на сите камионџии. Спотот за оваа песна ќе биде снимен во Македонија и Австралија.

И нашата џебна Венера, атрактивната Стојне Николова постојано работи на нејзината музичка кариера и новите песни преку кои внесува свежина во етерот. Откако ја претстави нејзината нова песна која носи наслов “Новата јас”, а со која што настапи на фестивалот Роса Фест 2020-та, таа најавува голем музички проект кој ќе биде во соработка со врвни музичари. Станува збор за песната “Камионџија”, која ќе биде дует со нејзин колега кој моментално е во Австралија. Видеото за песната е предвидено да се снима во Македонија, но дел и во далечната Австралија.

-Јас постојано работам на нови проекти и постојано имам планови што понатаму, што следи, што треба обожавателите да слушаат ново од мене. Веќе имам една многу интересна песна, јас и во претходното интервју нешто најавив. Се работи за една многу интересна тема, за еден дует со мој колега Манчи, тој е моментално во Австралија, поздрав до него и неговата екипа. Песната се вика “Камионџија”, една тема за која што мислам дека никој сеуште не отпеал на македонски. Во песната свират Џамбо, Мишел, една убава екипа и песната излезе навистина убаво, можам слободно да  кажам и очекуваме што поскоро да го реализираме и видеото. Се работи за голем проект и вложено е многу љубов, труд и во самата песна, а секако дека така ќе биде и за видеото кое ќе се снима тука и во Австралија.-открива Николова за гледачите на ИН ТВ.


Стојне се надева дека овој голем проект ќе успеат да го комплетираат во најскоро време, па песната и спотот ќе ги промовираат во текот на 2021-ва година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *