Првиот добитник на паричната награда од 400 Австралиски долари кои ги доделува сателитската ИН Телевизија е оперскиот пејач Давид Миладинов. Тој победи со преработката на песната “Кога падна на Пирина” за која беше снимен спот во соработка со ИН Продукција.
Оперскиот пејач Давид Миладинов е првиот победник на “Најдобриот на листата” и првиот добитник на 400 Австралиски долари кои ги доделува Единствената Македонска Музичка Телевизија во Австралија, ИН ТВ.
Во конкуренција од 10 изведувачи, Давид ги освои најголемиот број гласови од јавноста која имаше можност да гласа на јавната група на фејбук ИН ТВ Сателитска Телевизија, а на листата конкурираше со преработката на песната “Кога падна на Пирина”.
-Па искрено не очекував дека ќе победам бидејќи имаше доста натпреварувачи, доста изведувачи со повеќе песни, но еве граѓаните гласаа за мене и победив. Кога видов дека водам искрено бев пресреќен и сеуште сум. Им Благодарам многу на гласачите, се надевам дека им се допадна мојата изведба на песната “Кога падна на Пирина”.-истакна Миладинов за естрадниот магазин Естрада плус.
ИНТВ продолжува со парична награда цел месец со своите соработници.

Leave a Reply