ЈАВЕН ПОВИК За користење на финансиска поддршка на естрадните уметници

Институција која огласува: Влада на Република а МакедонијаРок на пријавување: 30.06.2020

I. ПРЕДМЕТ

Предмет на јавниот повик е доделување на финансиска поддршка на естрадните уметници погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот Covid-19, за месеците април и мај 2020 година, во месечен нето износ од 14.500 денари.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на јавниот повик има естраден уметник – лице кое учествува во создавање и интерпретација на изворна или современа и новокомпонирана музика, кое ги исполнува следниве услови:

  • е државјанин на Република Македонија; 
  • не е вработен или ангажиран со договор на дело во друг правен субјект, според евиденцијата на Агенцијата за вработување на Република Македонија; 
  • не остварува други приходи по било кој основ за месеците април и мај 2020 година;
  • активностите во кои требало да учествува се откажани поради здравствено-економската криза предизвикана од Коронавирусот Covid-19, што го потврдува Здружението на естрадни уметници на Македонија и
  • во последните пет години остварил значајна музичка кариера, учествувал во интерпретација или создавање на изворна или современа и новокомпонирана музика, учествувал на врвните фестивали од областа во земјата, што го потврдува Здружението на естрадни уметници на Македонија

III. ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА ОСТВАРАТ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Финансиската поддршка, не може да ја оствари естраден уметник кој е опфатен со Уредбата за финансиска поддршка на самостојните уметници за време на вонредна состојба, истиот е примател на пензија согласно евиденцијата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија, остварува други приходи по било кој основ и е опфатен со другите економски мерки на Владата на Република Македонија за справување со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19.

IV. ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА УЧЕСНИКОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Е ДОЛЖЕН ДА ЈА ДОСТАВИ

Со цел за добивање на финансиска поддршка естрадниот умеетник треба да ги достави следните документи:

  • Барање за добивање финансиска поддршка на естрадни уметници (преземи тука) и
  • Изјава за исполнетост на условите за добивање на финансиска поддршка (преземи тука)

V. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО И РОКОВИ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА БАРАЊЕТО

Барањето и изјавата, се објавени на веб-страницата на Владата на Република Македонија на денот на објавување на овој јавен повик.

Барањето и изјавата задолжително се преземаат од веб-страницата на Владата на Република Македонија vlada.gov.mk и се пополнуваат во електронска форма со впишување податоци на означеното место, се потпишува од страна на барателот и се доставува во печатена форма во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Барањето со потребната документација се доставува до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија по пошта (бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје), со датум на поштенскиот жиг, или лично во пи¬сар¬ни¬цата на Генералниот секретаријат најдоцна до 16:00 часот во работните денови.

Крајниот рок за доставување на барањата е 30 јуни 2020 година.

Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

VI. ИЗВЕСТУВАЊЕ И НАЧИН НА ИСПЛАТА

За користење на финансиската поддршка естрадните уметници ќе бидат известени во согласност со Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на естрадни уметници за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Македонија“ бр.154/20).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*