Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Според медиумите вкупниот број на случаи останува 2.244.
Поради новата состојба, во Хрватска се донесени нови одлуки , а тоа значи укинување на забраната за настани и јавни собири со повеќе од 40 луѓе. Спортскитете натпревари може да се одржуваат од 30 мај на отворено, а од 13 јуни на затворено, но засега без публика.
Од 29 мај се укинува ограничувањето според кое на погреби можеше да присуствува само најблиското семејство, а се укинува и забраната за свадбени церемонии.



