Бројки јавни личности и колеги од утринава упатуваат последен поздрав до македонскииот водител, музичар, композитор и шоумен Драган Вучиќ. Сите со неверување ја примија веста за ненадејното заминување на Вучиќ, а огромен број на пофални зборови за карактерот и душата на водителот пристигнуваат од сите страни.
Водителката Лила Филиповска е една од нив која истакна дека најдобро да се опише големината на овој човек е преку зборовите „Крај на една ера“, додавајќи дека и е голема честа што го познавала човекот кој го живеел животот онака како што тој сакал, со дружба, песна, забава…
„Крај на една ера… не постои подобар начин да се оддаде почит кон ликот и делото на еден човек како Драган Вучиќ. Неговиот ведар дух, непресушен оптимизам и желба за работа вечно ќе бидат запаметени од луѓето кои го познаваа. А тој, тој си го живееше животот како што тој сакаше… со песна, дружба, забава… јас знам дека истото ќе го прави и таму каде што е сега, некои работи никогаш нема да се сменат. Патувај Вучко, нека ти е светол патот… и да… не заборавај да го поздравиш татко ми… Искрено со*увство до Весна и Мартин“, стои во пораката на Лила на социјалните мрежи.

