Милиони луѓе ширум светот се во карантин и на многумина, и покрај националните празници и верските прослави, не им е дозволено да ги напуштат своите општини или градови.
19210 април 2020, 22:10СподелиСподели
Сепак, на жителите на северниот германски регион Мекленбург-Западна Померанија им е дозволено еднодневни патувања до брегот и островите на Балтичкото Море, пишува ДВ.
Судот во Грифсвалд вчера ја укина забраната за патување, воведена од страна на државната власт и ја измени регулативата во која биле вклучени туристичките одморалишта како забранети области.
Според најновата судска одлука, на граѓаните на таа германска држава им е дозволено да го посетат брегот и езерото Мекленбург до понеделник. Пресудата не важи за посетителите од другите германски региони на кои им е забранет пристап до областа до 19 април, а може и подолго.


