Словенија и Швајцарија го запреа воведувањето на 5G мрежата поради штетност за здравјето на луѓето

Владата на Словенија го запре воведувањето на  5G технологија, на предлог на министерот за управа, се додека не се испитаат ефектите на оваа технологија врз здравјето на луѓето и врз животната средина.

Министерот Боштјан Коритник ја образложил оваа одлука со констатацијата дека „сомнежите за штетноста на 5G технологијата се оправдани.

Овој потег е нов чекор во зачувувањето на здравјето и природата во Словенија, која е првата земја во светот која со Устав ја заштити водата, како човеково право и јавно добро, и со тоа ги обезбеди нејзините извори на вода за пиење да останат национално добро,  како најважен стратешки ресурс.”, рече Коритник.

Неодамна и Швајцарија го одложи воведувањето на  5G технологијата, по бројните протести во текот на минатата година од граѓаните загрижени за своето здравје .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*