AMYA Никола Карев од Мелбурн во март на ваше задоволство ви носи фолк елита од Македонија и тоа Спасен Силјановски кој зад него стојат повеќе хитови како што се-На свадба ме канат,Мајка сина прашува , Ке ти дојсам и многу дтуѓи, Дарко Стојаноски кој зад себе има добри хит песни-Отвори Мајко портите ,Ангга од Галичник,Јана е најубава, Зошто ме лажеше и мн.други и како придружен бенд се групата Престтиж од Македонија.

Планирани се околу 8 концерти во поголемите градови во Австралија .Овај спој на двајцата пејачи од Кичево се очекува да биде слична верзија на концертите од Влатко и Дамјан.Инаку Дарко Стојаноски минатава година во Македонија важеше за еден од најбараните фолк пејачи ,а во Австралија е за првпат.Почитувани Македонци ширум Австралија дојдете на чисто македонска музика ,не дозволувајте да се случи исто како во нашата родна македонија ,наметнувајќи туѓа музика ги навикнавме младите да слушаат музика од нашите соседи и стана нормално клубовите да се преплавени со музика од соседите и пејачи од соседите ,да го зачиваме она малку што ни остана а тоа е Македонската музика и Македонската музика.



