Песочни бури, обилни врнежи со град и поплави последните денови погодија повеќе градови во Австралија, со што се намали заканата од пожари кои и натаму горат на југоистокот на земјата.

Градоносните бури во главниот град Канбера денеска оштетиле некои јавни згради, претпријатија, куќи и автомобили, истовремено прекинувајќи ја струјата во некои предградија туркајќи дрвја и столбови.


