Сузана Гавазова направи роденден каков што доликува на една фолк дива!

Вчерашниот ден го одбележа прославата за 40-тиот роденден на една од најпознатите фолк пејачки, Сузана Гавазова. Таа во кругот на семејството, пријателите и блиските колеги и музички соработници го одбележа овој јубилеј, а на нејзината адреса пристигнаа уште многу роденденски честитки.

Најголемата македонска фолк ѕвезда Сузана Гавазова со гламурозна прослава во друштво на нејзините блиски пријатели и семејството го прослави 40-тиот роденден. Деновиве на нејзината домашна адреса пристигнаа и бројни роденденски честитки како од земјава, така и од нејзини соработници надвор од Македонија.

Славеничката во блескава креација, како права домаќинка пристигна прва за да ги пречека нејзините драги гости, заедно со нејзината најголема поддршка, сопругот и двете ќеркички. Таа ексклузивно ни откри што од срце си посакува и која е нејзината желба за 40-тиот роденден.

-Се знае која е мојата желба, што друго би си замислила ако не здравје. Пред се, посакувам здравје, да ми се здрави и живи децата, а во 2020-та година да имам повеќе хитови. Она што ме одржува сите овие години е тоа што сум сакана од сопругот, од фамилијата, од моите обожаватели. Тоа ме одржува во форма и ме прави да бидам секогаш млада.-истакна Гавазова, во ексклузивното интервју за ИН ТВ.

Атмосферата во ресторанот Шалом во Струмица беше навистина одлична, а забавата не можеше да помине и без колегите на Сузана, кои ја удостоија и со по некоја песна.

Благоја Грујовски, Стојне Николова, Бобан Мојсовски, Сани, дел момците од Балкан бенд и Дрим Тим и уште многу други. Дел од нив пред камерата на ИН ТВ открија што и посакале на нашата фолк дива.


Сузана Гавазова до раните утрински часови уживаше и се забавуваше со своите најблиски во одличната атмосфера и убавите песни, а нам ни преостанува да се приклучиме на честитките и да и посакаме СРЕЌЕН РОДЕНДЕН.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*