Со радост ве известуваме дека тукушто излезе од печат ДВД изданието од јубилејниот концерт на „Танец“, кое ќе биде свечено промовирано заедно со новата монографска книга на новогодишниот концерт на ансаблот закажан за 20 декември. Со овие прекрасни публикации и ексклузивниот концерт ќе биде заокружен големиот јубилеј на „Танец“ – 70 години постоење, кој го чествуваме со серија настани низ целата 2019 година.


