Игор Андреевски го промовираше првиот спот за неговата авторска песна која носи наслов “Спомени”. Во видеото се прикажани убавините на Маврово и Галичник, а спотот го изработи ИН Продукција.
Инаку, Андреевски зад себе има уште четири авторски песни, како и неколку преработки на стари македонски песни. Во следниот период најавува комплетирање на неговиот прв албум.
Во продолжение погледнете го видеото !


