Младиот и талентиран Живе Мешуревски сними спот за неговата најнова песна која што нови наслов “Не плаши се”. Видеото се снимаше на неколку локации во Отешево и Претор во соработка со ИН Продукција.

Во последно време, доста млади пејачи од нашата земја напорно работат на нивните музички кариери и постојано снимаат нова македонска авторска музика, што е доволен показател дека македонската музика оди во нагорна линија.
Еден од тие млади, но квалитетни пејачи е и талентираниот Живе Мешуревски кој што деновиве сними спот за неговата втора песна која е насловена “Не плаши се”. Снимањето се одвиваше на неколку прекрасни локации во Преспанскиот регион, а во соработка со ИН Продукција.

-Најпрво би сакал да кажам дека имав желба и спотот за првата песна да го снимам во Преспанскиот регион, но околностите тогаш не дозволија, па овојпат решив и сакав да биде во Ресен и ете ми се оствари желбата. Снимавме во околината на Отешево и во Претор на крајбрежјето на убавото Преспанско езеро.-истакна Мешуревски за естрадниот магазин Естрада плус.

