Свадба во градот Никшиќ, Црна Гора, заврши неславно, поради тоа што тештата неколкупати нарачала иста песна.
Според српски „Телеграф“, договорот бил – забавата да мине без „националистички“ песни. Но, откако два-трипати ја слушнал српската народна „Српкиња је мене мајка родила“ (Мајка ме родила Србинка), свекорот ги предупредил присутните дека „доста е од овие песни оти ова е Црна Гора!“
Настанала мешаница меѓу роднините, сватовите и пријателите, а сѐ тоа кулминирало кога братот на невестата ја фатил сестра си за рака и ја извел надвор од прославата.
Караницата продолжила, па свекорот ги искинал и каблите на бендот што свирел на свадбената прослава.
Несудената невеста, пак, отишла во блискиот манастир Свети Василије Острошки, за да го оплакува својот пропаднат брак.
Како што пишува „Телеграф“, три часа откако младенците си кажале „да“, се случил и разводот.
Свадбата или венчавка претставува церемонија на која две личности се соединуваат во брак.
Свадбените традиции и обичаи не се секаде исти, тие вариират во сите култури, етнички групи, религии, предели, околини, држави и општествени класи. Поголем дел од свадбените церемонии вклучуваат замена на свадбени завети помеѓу парот, давање на подарок (прстен(и), симболичен подарок, цвеќиња, пари) и јавно прогласување на бракот од авторитетна фигура.
На свадбата најчесто се носат специјални свадбени облеки и најчесто свадбената церемонија е проследена од свадбен прием. Музика, поезија, молитвеници или читања од Библијата или друга слична литература можат исто така што бидат вклучени во самата церемонија.


