Двајцата браќа кои по групна тепачка во клуб, го убија Македонецот Дени Димовски прободувајќи го во градите, во вторникот беа пуштени од затвор по излежување на многу кратка затворска казна..
Мајката на убиениот Димовски дојде од Македонија за да присуствува на одлучувањето во судот и даде своја изјава. Дени Димовски е единец во семејството Димовски. Според шпекулации, тепачката започнала поради банална расправија за турнат пијалок.



