Ангел Стојкоски со нова песна и спот


“За две сестри” е насловот на најновата песна од Ангел Стојкоски, за која што викендов сними и спот во соработка со ИН Продукција. Снимањето на видеото се одвиваше во спомен домот на браќа Миладиновци во Струга, а дел и во прекрасното Вевчани. Ангел најавува одличен спот.

Младиот и талентиран пејач, Ангел Стојкоски неуморно работи на снимање нов материјал. Доказ за тоа се неговите 4 авторски песни кои што ги сними во рок од околу година дена. Тој деновиве сними уште еден спот за неговата најнова песна која е насловена “За две сестри”. Видеото се снимаше на неколку локации во Струга и Вевчани, во соработка со ИН Продукција.

-Снимањето се одвиваше во прекрасна атмосфера, најпрво во стариот дел на Струга каде што се наоѓа Спомен домот на браќата Миладиновци. Другата локација ни беше во убавото Вевчани, покрај куќите со стари градби и покрај ресторанот “Пупина куќа”.-открива Ангел, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Текстот за песната “За две сестри” го напиша Драган Матески, а за музиката и аранжманот се погрижи Златко Миладиноски. Ангел при интервјуто за ИН ТВ ни раскажа дел од приказната за која што вели дека е доста интересна.

-Најпрво морам да се заблагодарам на КУД Илинден кои одвоија две играорки кои се потрудија спотот да изгледа одлично, благодарност до Љупчо Милошески. Авторот преку текстот сака да каже дека некое момче се заљубува во две сестри и двете му се подеднакво драги и не знае која да ја одбере. Бара утеха во Господ и мисли дека тоа ќе заврши со среќен крај.-додава младиот пејач.

Тој најавува одличен спот, а неговите очекувања се дека и песната и спотот ќе им се допаднат на гледачите. Спотот е планирано да биде промовиран во најскоро време на сателитската ИН ТВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*