Деновиве битолската група “Плетенка” снимше нов видео музички проект во живо. Во него се најдоа одбрани македонски песни со релативно свадбарски призвук. Помеѓу другото во низата се вбројуваат и неколку патриотски песни но и две инструментални ора. Ема женскиот вокал од групата како и остнатите момци се задоволни од целосната реализација а нивните очекувања се овој проект да биде баран и слушан од публиката.

-Ние сме премногу задоволни од денешниот проект и се надеваме дека ќе им се допадне на гледачите, истакнува Ема.
-Песните претежно гледавме да бидат свадбарски. Сакам да кажам за моите песни , така да повеќето што ги пеев се од мојот идол Војо Стојаноски. Тие ми се омилени песни и ми лежат истакнува Марко.
-И моите песни беа македонски народни и она што е најчесто барано на нашите настапи. Затоа се одлучивме да ги снимиме овие прекрасни македонски песни, додава Ема.
Проектот кој го остварија Ема и група “Плетенка” се отпеа во живо, како што велат воопшто не претставувало тоа проблем, бидејќи се навикнати на вакви проекти.
-Не, за нас тоа воопшто не беше тешко, затоа што претходно песните беа добро подготвени и извежбани. Така да и за време на снимањето се се заврши во најбрз можен рок, додава Ема.

За видео материјалот ќе се погрижи ИН продукција аудиото е во професионална изработка на познатиот Никола Кочанкоски Кочан. Местото каде што се реализираше овој проект е ресторанот “Арена” во Битола, додека пак за декорот се погрижија од студио “Витраж”.



