Продолжувајќи ја музичко-културната традиција од изминатите години, на 27 август 2019 година, во манастирскиот комплекс Св. Атанасиј и Пресвета Богородица во Лешок, ќе се одржи новото издание на фестивалот на македонската песна „ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2019„. Единствената автентична културна манифестација која се одржува во овој крај на Македонија, со својот концепт и идеја на творештво и оваа година настојува да го заштити и афирмира македонскиот фолклор, како дел од македонската културна традиција.УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ На конкурсот може да учествуваат сите домашни автори и изведувачи кои ја афирмираат и изведуваат новокомпонираната песна во духот на македонското фолклорно творештво, почитувајќи ја уникатната македонска мелоритмика и музички израз. како и богатото историско минато на македонскиот народ. Песните може да обработуваат теми од свадбарски, чалгаџиски, родољубив и љубовен карактер.Секој автор кој е заинтересиран да конкурира на фестивалот, потребно е да достави нотен запис, со впишани хармонски симболи, стихови, како и демо-снимка за секоја песна. Со испраќањето песни на конкурсот, авторите му го отстапуваат правото на организаторот песните да ги аранжира, печати, за прв пат јавно да ги изведува, да ги сними на носачи на звук и слика, и сите овие права или некое од нив поединечно да ги пренесе на трети лица. Организаторот го задржува правото преку своите стручни комисии да врши евентуални мелодиски, ритмички, хармониски и текстуални корекции. Доколку на конкурсот не пристигнат доволен број на квалитетни трудови, организаторот го задржува правото истите да ги обезбеди по пат на нарачки.Рокот за доставување на песните е 30 јуни 2019 година.Песните може да се испратат на електронската адреса lesockifolkfestival@yahoo.comДополнителни информации и контакт на телефоните 070 262 355, 076 493 783 и 078 318 298Со почит од организаторите на Лешочки Фолк Фест
Конкурс за избор на композиции за ЛЕШОЧКИ ФОЛК ФЕСТ 2019
Димитров: Mакедонскиот јазик е различен од јазикот на Македонците во Грција
Грчката министерка за надворешни работи Анастасија Анагностополу по средбите во Скопје му е благодарна на својот македонски колега Никола Димитров, […]
Повтopнo пocкaпyвaaт гopивaтa – oвa ce нoвитe цeни
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените […]
Германија ја прогласи Македонија за подрачје со висок ризик на инфекција со ковид-19
Германската сојузна влада ја класифицира Македонија како подрачје со висок ризик на инфекција со ковид-19, почнувајќи од 22 август, а […]
Заврши македонското фудбалско натпреварување во Австралија: Сонцето од Кутлеш го красеше теренот во Квинбијан (Видео)
Изминатиот викенд од 26-28 јануари се одржа најголемиот македонски фудбалски куп во австралискиот град Квинбијан. На натпреварувањето учество зедоа триесетина […]