Млазен авион со 11 патници и три члена на екипажот кој леташе од Лас Вегас во САД кон Монтереј, Мексико, исчезна, соопшти денеска мексиканското министерство за сообраќај.
Приватниот „Bombardier Challenger 601″ исчезнал од радарот на планинското подрашје на општината Монклова во меиксиканската држава Коахила.
Патниците на авионот наводно се враќале од Лас Вегас, каде следеле боксерски меч.
Контактот со леталото е изгубен во неделата попладнето, а надлежните во меѓувреме започнале потрага по авионот.
Службите за спасување тргнале во потрага по авионот, а наведуваат дека уште не е јасно дали има преживеани.


