Bо Шелдон рецепција се одржа Демирхисарскиот бал кој воедно беше одбележување на 35 годишниот јубилеј од основањето на културното и социјално друштво Демир Хисар од Мелбурн.
На него свое обраќање имаше претседателот на Друштвото Демир Хисар, Славчо Трајковски, а водител на вечерта беше Весна Дамчевска.
Во Демир Хисар и неговата општина гравитираат брсјачките села: Бабино, Базерник, Бараково, Белче, Боиште, Брезово, Вардино, Велмевци, Вирово, Големо Илино, Граиште, Доленци, Единаковци, Жван, Железнец, Журче, Загориче, Зашле, Кочиште, Кутретино, Лесково, Мало Илино, Мренога, Ново Село, Обедник, Прибилци, Радово, Ракитница, Растојца, Света, Сладуево, Слепче, Слоештица, Смилево, Сопотница, Стругово, Суво Грло, Суводол, Утово и Церово.
На балот на Демирхисарци ги забавуваше еден од најдобрите македонски оркестри на Австралиските простори, групата ” Амадеус”, и музичката ѕвезда Татијана.




