Повеќе од успешна турнеа имаа Ѓоко Јовиќ и Енерџи бенд низ Цела Австралија.Енерџи бенд поставија нов рекорд во Сиднеј со нивните распродадени концерти со над 800 посетители на концерт.

Енерџи бенд и Ѓоко деновиве се враќаат од Австралиската турнеа,но немаат време за одмор ,продолжуваат со нивните настапи ширум Европа и македонија.Најново од нив е последните два спотови на Ѓоко За велигден и Стојне на чорбаџи Стојана кој ги работеа со ИН подукција и веќе двете песни се хит на Сателитската ИНТВ.

ИНТВ во Сѕднеј снимаше и еклузивно интервју со Ѓоко и Енерџи и деновиве екслузивно ќе биде прикажано на Сателитската ИНТВ.Концертите низ Австралија беа организирани од нивниот менаџер за Австралија Влатко Јовески,а за концертите во Суднеј беше задолжен познатиот менаџер од Сиднеј Горан Бомба.




