До нашиот портал од блиски и фамилијарни извори на исчезнатата Даниела Пецевска која и се губи траг пред 2 дена во интерес на истрагата, лицето е видено вчера во Битола т.е во близина на „Безистен“, каде кратко комуницирала со женска личност и напуштила лице место (лицето е веќе во контакт со најблиските кое комуницирало), но ни треба вашата помош за пронаоѓање, како што дојдовме до информација Даниела е забележана исто така и од друго лице во текот на вчерашниот ден.
АПЕЛ до Битолчани и цела јавност да ја споделат оваа исклучиво важна информација и доколку имаат било каква информација или ја виделе Даниела која сеуште ја носи истата гардероба (црна јакна, црни панталони и црвен џемпер) да се јават во најблиската полициска станица или на тел. 076/360-309 или може и нам да ни пратите порака.
Кичевчани се максимално организирани и трагаат по својата сограѓанка.
Ви благодариме до сите хумани луѓе кои даваат свој придонес и се постојано со најблиските!



